Повик за учесници на pаботилница за градење на доверба и медијација за студенти и млади
Центар за Балканска соработка – Љоја, Младински сојуз Крушево (МСК) и Младински образовен форум (МОФ) во рамките на Проект за младинско изразување поддржан од Европската Унија објавуваат повик за учесници на работилница за градење доверба и медијација за студенти
Кандидатите за учество на работилницате треба да ги исполнат следните услови:
од: Скопје, Тетово, Крушево, Куманово, Велес, Битола, Струга и Неготино. Работилницата ќе биде тродневна и ќе се одржи од 17ти до 19ми април 2019 (среда – петок) во Хотел Пела, Охрид
Учесниците ќе поминат низ теми како што се: тимска работа и градење на доверба, лидерство и донесување одлуки во групи; и ќе им бидат понудени техники за трансформација на конфликти, комуникација и медијација, основана на конкретни примери кои опфаќаат теми како што се стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.
- Да се студенти или млади на возраст од 18 до 25 години;
- Да покажуваат интерес и разбирање за темите на работилницaтa;
- Да покажуваат интерес за вклучување во идни акции по работилницaтa;
- Да се во можност да учествуваат на трите денови од работилницата во закажаниот термин.
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 12ти април 2019 година (петок), преку испраќање на пополнета пријава на lojaeducation@gmail.com . Пријавата за учество може да се преземе од https://cbcloja.org.mk/wp-content/uploads/2019/04/MK-Апликација-за-работилница-за-студенти-април-1.docx или на www.mof.mk.
Бројот на учесници е ограничен. Учеството на работилницата е бесплатно – сместување, транспорт и храна. Работилницата ќе биде реализирана од искусни обучувачи од МОФ, Љоја и МСК. Работниот јазик ќе биде македонски и албански, а ќе биде обезбеден консекутивен превод. На работилницата ќе има простор за 20 учесници. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите како и географската застапеност.
По завршување на работилницате учесниците ќе имаат можност да формираат тимови и да аплицираат со предлог проект за акции преку кои ќе ги имплементираат новонаучените вештини, техники и знаења. Најдобриот предлог концепт ќе биде награден за да може да се реализира до јуни 2019 со менторство на искусни професионалци од МОФ, Љоја и МСК.
Со организација на овие работилници „Проектот за младинско изразување“ цели младите да станат лидери во промовирањето на слободата на изразување, човековите права, интеграцијата и креатори на промени за слободно и одговорно инклузивно општество. Работилниците се имплементирани од Младински образовен форум, Центар за Балканска Соработка – Љоја и Младински Сојуз – Крушево, а финансиски поддржани од Европската Унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2016 – 2017.