Повик за учесници на pаботилница за градење на доверба и медијација за студенти
Центар за Балканска соработка – Љоја, Младински сојуз Крушево (МСК) и Младински образовен форум (МОФ) во рамките на Проект за младинско изразување поддржан од Европската Унија објавуваат повик за учесници на работилница за градење доверба и медијација за студенти од: Скопје, Тетово, Крушево, Куманово, Велес, Битола, Струга и Неготино. Работилницата ќе биде тродневна и ќе се одржи од 25 – 27 октомври 2018 ( четврток – сабота) во Хотел Пела, Охрид.
Учесниците ќе поминат низ теми како што се: тимска работа и градење на доверба, лидерство и донесување одлуки во групи; и ќе им бидат понудени техники за трансформација на конфликти, комуникација и медијација, основана на конкретни примери кои опфаќаат теми како што се стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.
Кандидатите за учество на работилницате треба да ги исполнат следните услови:
- Да се студенти од yниверзитетите во државата;
- Да покажуваат интерес и разбирање за темите на работилницaтa;
- Да покажуваат интерес за вклучување во идни акции по работилницaтa;
- Да се во можност да учествуваат на трите денови од работилницата во закажаниот термин.
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 20–ти октомври 2018 година (сабота), преку испраќање на пополнета пријава lojaeducation@gmail.com . Пријавата за учество може да се преземе од овде: Апликација за работилница за студенти
Бројот на учесници е ограничен. Учеството на работилницата е бесплатно – сместување, транспорт и храна. Работилницата ќе биде реализирана од искусни обучувачи од МОФ, Љоја и МСК. Работниот јазик ќе биде македонски и албански, а ќе биде обезбеден консекутивен превод. На работилницата ќе има простор за 40 учесници. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите како и географската застапеност.
По завршување на работилницате учесниците ќе имаат можност да формираат тимови и да аплицираат со предлог проект за акции преку кои ќе ги имплементираат новонаучените вештини, техники и знаења. Најдобриот предлог концепт ќе биде награден за да може да се реализира до декември 2018 со менторство на искусни професионалци од МОФ, Љоја и МСК.
Со организација на овие работилници „Проектот за младинско изразување“ цели младите да станат лидери во промовирањето на слободата на изразување, човековите права, интеграцијата и креатори на промени за слободно и одговорно инклузивно општество. Работилниците се имплементирани од Младински образовен форум, Центар за Балканска Соработка – Љоја и Младински Сојуз – Крушево, а финансиски поддржани од Европската Унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2016 – 2017.